Сашо Клековски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата Топ тема на Ваша страна на телевизија Телма, по неуспехот на лидерската средба, рече дека потребни се предвремени парламентарни избори бидејќи не е постигнат консензус од страна на политичките лидери за уставните измени, посочувајќи дека на тој начин граѓаните ќе можат сами да одлучат како сакаат да продолжат да функционира државата, имајќи во предвид дека на последните парламентарни избори никој од политичките партии кои сега бараат внесување на Бугарите во македонскиот устав не настапиле со таква изборна кампања пред граѓаните.
-Единствен можен излез се нови избори. Потребни се предвремени избори покрај тоа што оваа влада е неспособна, на тие избори бидејќи никој на претходните парламентарни избори не одлучуваше за францускиот предлог, ниту една партија не настапи со платформа Бугари во Устав, јас не сум чул таква работа. И затоа се потребни тие избори бидејќи консензус сега не е возможен. И кога не е возможен тој консензус тогаш граѓаните на избори треба да кажат како сакаат понатаму, рече Клековски.