Градоначалникот на Киев го покани папата Франциско во главниот град на Украина за да „го покаже своето сочувство“, но Ватикан денеска не соопшти дали понтифот ја прифатил поканата.
„Присуството на верскиот водач лично во Киев е клучно за спасување животи и трасирање на патот кон мирот во нашиот град, држава и пошироко“, се вели во писмото од 8 март потпишано од Виталиј Кличко.
Писмото денеска е обелоденето во медиумите.
Кличко, исто така, вели дека ако патувањето до Киев не е возможно, „љубезно бараме заедничка видео конференција, да се снима или да се емитува во живо. Ќе се направат напори да се вклучи претседателот Зеленски во тој повик“.