Вицепремиерот Арбен Фетаи против соработка со ДУИ – дали ќе го следи Арбен Таравари?

Додека јавноста сè уште чека одговор дали министерот за здравство и лидер на Алијансата за Албанците (АА), Арбен Таравари, ќе остане во владата во случај на соработка со ДУИ, неговите најблиски соработници веќе јасно ги изразуваат своите позиции.

Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, исто така член на АА, категорично се изјасни против можноста за коалиција со ДУИ. Тој нагласи дека целта на влегувањето во ВЛЕН била демонтирање на токму тој политички систем.

Политиката не е професија, туку мисија. Моето политичко патување започна во ВЛЕН, а го продолжив во АА, бидејќи таму видов можност за вистинска промена, особено во мојот роден град“, напиша Фетаи во објава на социјалните мрежи.

Тој додаде дека промената станала реалност со обединувањето на албанската опозиција, и посочи дека тоа било возможно по децении отпор кон, како што рече, „скапаниот поредок наречен ДУИ“.

Непоколеблива поддршка за мисијата на ВЛЕН

Фетаи потенцира дека и покрај разликите во ВЛЕН, тој останува верен на мисијата на обнова на политичкиот морал и демонтажа на „системот на злоупотреби“.

Дали вредеше да се надева? Да, без сомнеж. Ова беше храбар национален проект. Ќе продолжам да се борам за оваа мисија – без да ги проколнувам оние со кои ја почнавме, но и без да се поклонувам“, рече тој.

Таравари сè уште без одлука

Во меѓувреме, Таравари сè уште не соопшти дали ќе остане во владината коалиција, доколку се потврди соработката со ДУИ. Извори од ВЛЕН велат дека состаноците се интензивираат, а конечната одлука се очекува наскоро.

ТВ Алсат тврди дека Таравари ќе ја напушти владата

Целата објава на Арбен Фетаи може да ја погледнете во продолжение:

Извор: Вечер