Не очекував дека Бугарија ќе биде таа што ќе ги блокира евроинтреграциите на Македонија. Ветото како механизам треба да постои, но не во тек на целиот преговарачки процес, туку на почетокот или на самиот крај од него, вели за телевизија 24 еврокомесарот за буџет на ЕУ, Јоханес Хан.

Истакнува дека сегашната техничка влада во Бугарија нема да влезе во решение со Македонија, клучот ќе биде во новата владата, по изборите. Ветото како механизам на ЕУ треба да постои, но не како закана во целиот пеговарачки процес.

Прашан дали Бугарија ги ги злоупотребува инструментите на ЕУ, еврокомесарот за буџет на ЕУ вели дека често се случува и покрај тоа што не сакаат да видат, мултилатерално прашање да биде инфицирано од билатерални проблеми.

-Затоа, билатералниот аспект не треба да е дел од мултилатералните преговори. Тоа треба претходно да се реши. Мора да биде надвор од преговорите така што нема да се врати следниот пат кога повторно ќе биде потребна едногласност за некое прашање. Мораме да појасниме еднаш засекогаш за да се концентрираме на супстанцата на преговорите, вели Хан.

Тој додава дека во интерес на Бугарија е Македонија да биде членка на ЕУ и дека Софија го знае тоа. А проблемот, вели Хан, може само политичари да го решат

-Треба да се најде решение кое ги зема предвид сите црвени линии. Треба да се најде решение кое е прифатливо за сите. За време на мојот престој, ќе остварам контакти со различни соговорници. Гледам дека има напредок. Мислам дека во прашање е време, вели Хан во интервју за тв 24.

Целото интервју можете да го погледнете на тв 24.