Омикрон означи почеток на нова фаза на пандемијата на коронавирус, а можеби и нејзин крај во Европа изјави шефот на европскиот огранок на Светската здравствена организациа Ханс Клуге.

-Може да се заклучи дека регионот се ближи до своевидна завршна фаза од пандемијата, вели Клуге во интервју за АФП, дополнувајќи дека до март со омикрон би можело да се заразат 60 проценти од Европејците. Кога ќе се смири актуелниот бран во Европа, ќе се воспостави глобален имунитет кој ќе трае недели или месеци што благодарение на вакцините, што благодарение на имунитетот стекнат со заразување како и поради намалената сезоналност, толкува Клуге.

-Очекуваме мирен период, но кон крајот на годината Ковид-19 би можел да се врати, но не обврзно како пандемија. По падот на бројот на нови случаи на северо-истокот на САД можен е пресврт и во целата држава, иако не би требало да бидеме претерано мирни, вели првиот човек на европскиот огранок на СЗО.

Сепак тој потенцира дека е премногу рано за Ковид-19 да биде прогласена за ендемска болест како грипот.

-Многу се зборува за ендемија, но ендемија значи дека можете да предвидите како ќе се развиваат работите. Вирусот веќе неколку пати не изненади па мора да бидеме внимателни. Омикрон се шири многу брзо, а би можеле да се појават и нови варијанти, нагласува Клуге.

Со оглед дека омикрон премногу брзо се шири, според Клуге, европските земји не треба да се форкусираат на запирање на трансмисијата туку треба да настојуваат да го намалат ударот кон болниците, училиштата и стопанството.

-Стабилизацијата на здравствениот систем не значи дека болниците нема да бидат полни, туку да се овозможи да можат да пружат основна заштита за други заболувања како што се карциномот и кардиоваскуларните болести, вели Клуге.