Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го истакна значењето на остварувањето на историска победа за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата предводена од партијата на претстојните избори. Тој изрази уверување дека е клучно да се обезбеди оваа победа за да се обезбеди позитивен исход за во иднина. Мицкоски понатаму изјави дека ќе се воздржи од политички дискусии и апстрактни концепти со потенцијалните партнери, бидејќи смета дека личните амбиции често ја засенуваат вистинската суштина на политиката.
„Нам ни треба сериозна реформа, затоа што Македонија е клекната на колена, опустошена, опљачкана. Затоа потребно е Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да има 61 пратеник. Ние се бориме за 61 пратеник, победата е сигурна“, посочи Мицкоски.
Мицкоски посочи дека со народот ВМРО-ДПМНЕ во 2021 почна да ја пишува историјата откако партијата помина внатрешна катарза и го испиша оној резултат со огромна победа.
„ВМРО-ДПМНЕ успеа од позиција на опозиција да освои мнозинство градоначалници и тука почнавме да ја пишуваме историјата, но тоа не е доволно треба да ја зокружиме и потврдиме со победа на претседателските избори и победа на парламентрните со 61 пратеник“, кажа Мицкоски.
Претседателот повика на обединување и упати апел до сите незадоволни од СДСМ и ДУИ да застанат со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи како што рече трета опција нема.
„Сигурен сум дека секакви политичари ќе ви се доближуваат и ќе ви ветуваат се, ве молам бидете внимателни затоа што ќе нема нова шанса. Следните избори се референдум за тоа каква Македонија сакаме и во каква Македонија сакаме да живееме. Не се сите исти ќе се обидуваат да ве убедат дека сите се исти, дека не зависи од вас. Тоа не е точно никој не победил народ“, порача Мицкоски.
Мицкоски додаде дека секој кој мисли дека политичките маргиналци може да се алтернатива им помага на Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски, Бојан Маричиќ и слични.
„Оваа борба ќе ја добиеме со стратегија и памет, пред нас се само месеци додека ја заокружиме историската победа и тоа двојна победа на пармалентарните со 61 пратеник и на претседателските избори. А потоа доаѓа потешкиот дел, сериозно да се фатиме за работа, да го вратиме достоинството, она што е опљачкано, а тоа може само ако има одговорност. Затоа ни се потребни тие 61 пратеници за да ги спроведеме сите реформи“, кажа Мицкоски.
Мицкоски на крајот порача укажувајќи им на граѓаните „ве молам обединете се еден со друг, застанете еден до друг, поддржете го ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.
„Оваа порака ја испраќам и сакам да стигне до секој дом. Затоа што има разлика ние носевме инвестиции тие крадат, ние вработувавме тие отпуштаат, ние обезбедивме бесплатни учебници а денес децата немаат учебници, ние носевме опрема во болници денес заработуваат од маката на граѓаните, тоа го прават оние од канцер мафијата, ние градевме, а тие не можат ни да искречат тоа што ние сме изградиле“, заклучи Мицкоски.