ДУИ под обвинувања за корупција и криминал од ВЛЕН
Коалицијата ВЛЕН во денешното соопштение остро ја критикуваше ДУИ, нарекувајќи ја партијата „синоним за измама, кражба и предавство“. Според ВЛЕН, низата проблеми со кои се соочуваат функционерите на партијата, вклучувајќи бегства, обвиненија и кривични постапки, укажуваат на „крајот“ на политичкото влијание на ДУИ.
-
„Тие кои две децении ја уништуваа државата преку криминал и корупција, денес конечно се соочуваат со правдата. Артан избега, Перпарим исчезна некаде, а Мерко си остана без пасош. Ќелиите веќе се подготвени и дезинфицирани за да ги примат сите одговорни!“ истакнуваат од ВЛЕН.
„ДУИ нон грата“ и пораката за нови промени
Од коалицијата истакнуваат дека падот на функционерите на ДУИ започнал со бегството на Артан Груби, продолжил со Перпарим Бајрами, а сега доаѓа редот на други високи функционери.
-
„Најдобар подарок за Нова година? Да се стави огромен катанец на вратата од седиштето на партијата која ја воведе корупцијата во системот. Нивниот крај е неминовен, а нивните обиди за бегство само потврдуваат дека правдата ги стигнува сите.“
Рамиз Мерко, наречен „кралот на Струга“, според ВЛЕН, е симбол на падот на партијата. Коалицијата додава дека Мерко веќе „подготвува ќелии“ за своите соработници.
-
„ДУИ веќе пропаѓа! По падот на Артан и Перпарим, следуваат и други. Жителите на Струга, Тетово и целата албанска заедница чувствуваат ветрови на промени. Мерко, пак, веќе подготвува два дополнителни кревети во ќелијата, еден за Груби и друг за Бајрами.“