Најавени длабоки реформи и враќање на довербата на граѓаните во институциите, но и бескомпромисна борба против корупцијата. Коалицијата „Вреди“ уверува дека посветено работат на исполнување на ветувањата пред изборите. И забележуваат на опозицијата дека неаргументирано критикуваат и поведуваат деструктивни иницијативи. Од „Вреди“ со став дека судството е сè уште под контрола на опозицијата и дека Уставниот суд е инструмент на дневната политика на опозицијата-вели вицепремиерот и лидер на Европското движење, Меџити.
„Во овие 100 дена се работи на спорните предмети со кои ќе се бави судството и обвинителството, оставаме они да го кажат последниот збор. Не сме за реваншизам, ниту за монотеистички и популистички политики. Туку тие кои се огрешиле пред законот да одговараат. Овие обиди за дестабилизација и дефокус се само обид не во интерес на граѓаните туку обид да се спасат од одговорноста“, изјави Меџити.
Од СДСМ пак велат дека коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ добро функционира. Координаторот на пратеничката група во Собранието во интервју за Радио Слободна Европа рече дека очекува наскоро тоа и да се официјализира. Ваквиот став го темели на носењето на неколкуте закони со двотретинско мнозинство, предложени од ВМРО-ДПМНЕ, а кое го обезбедија интегративците.
Законот за бранителите ги разбранува емоциите во владината коалиција. По најавите на еден од пратениците на „Вреди“ за напуштање на Владата, редовите на коалицијата повторно збиени.