Коалицијата „Менуваме“ истакна дека унапредувањето на правата на младите со попреченост е клучно за нивно целосно учество во општеството.
Коалицијата „Менуваме“ апелира до институциите да преземат конкретни чекори за унапредување на правата на младите со попреченост.
Оттаму велат дека и покрај постојните законски обврски и меѓународни стандарди, овие млади луѓе остануваат невидливи во сите сектори.
„По повод Меѓународниот ден на младите, Коалицијата „Менуваме“ изразува длабока загриженост во врска со континуираната маргинализација на младите лица со попреченост во Република Македонија. И покрај постојните законски рамки и обврски за човекови права и вклучување, овие млади лица остануваат во голема мера невидливи во сите сектори на јавниот живот“, стои во соопштението од Коалицијата „Менуваме“.
Меѓународниот ден на младите се одбележува секоја година на 12 август. Овој ден е прогласен од Обединетите нации во 1999 година. Тој има за цел да ја истакне важноста на младите во општеството.