Коалицијата Вреди со јасен став за кадровските промени

Вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, изјави дека Коалицијата Вреди е согласна дека по изборот на Изет Меџити за градоначалник на Чаир, неговото место во Владата треба да го преземе Беким Сали. Тој додаде дека Меџити извршувал две функции – министер за животна средина и заменик-премиер – па затоа коалицијата смета дека треба да предложи уште едно име плус. Фетаи очекува до утре да се постигне договор со премиерот околу новите решенија.

Фетаи: „Учам македонски и зборувам пет јазици“

Во однос на критиките кон министерката за образование Весна Јаневска по настанот во Тетово, Фетаи истакна дека таа се извинила и го објаснила случајот. Тој додаде дека и самиот почнал со изучување на македонскиот јазик, бидејќи живеел 35 години во странство, и нагласи дека нема проблем да се обрати на македонски кога ќе го совлада, додавајќи дека течно зборува четири до пет јазици.

Корупцијата и реформите остануваат клучен предизвик

Фетаи посочи дека најголемите предизвици за државата остануваат борбата против криминалот и корупцијата, како и недостигот од кредибилитет на судството. Тој нагласи дека кризата во ДКСК и реформите во правосудниот систем, вклучувајќи го и Кривичниот законик, се неопходни за приближување кон европските стандарди.