Кобна матурска вечер. 19 годишно момче од Струмица матурант во едно од средните училишта, вчера бил пронајден мртов во нива позади складот за дрва на шумското стопанство Беласица на влезот од Струмица. Според Јавното обвинителство кај момчето нема знаци на насилство, но телото е дадено на обдукција и од анализите ќе се знаат причините за смртта.
Од полицијата соопштија дека телото на момчето било пронајдено вчера околу 12 часот на необработена нива, при што нивни екипи заедно и претставници на Јавното обвинителство извршиле увид, а лекарот ја констатирал смртта кај момчето.