Последните 100 дена, Општина Зрновци се движи по патот на просперитетот и успехот. Како градоначалник на општина Зрновци, подеднакво посветен за доброто на сите граѓани на општината, почнавме со решавање на тековни проблеми во надлежност на локалната самоуправа, креирање и реализирање на нови проекти. За идејата да стане реалност, за граѓаните на општина Зрновци ветивме и во првите 100 дена исполнивме многу значајни проекти, истакна Борчо Коцев градоначалник на Општина Зрновци на денешниот отчет на градоначалниците од источниот регион кој се одржа во Кочани.
-Веднаш започнавме и денес се во завршна фаза изготвување на проектна документација за изградба на промена на дел од главниот цевковод за водоснабдување од фабриката за вода, во должина од 200 метри во село Зрновци. Капитажа за водоснабдување во село Моровец, филтер станица за фекална канализација во село Видовиште, зафат на Морошка река за наводнување на земјоделски површини, изградба на дополнителен резервоар на водоводна мрежа за водоснабдување на домаќинствата во Зрновци. Изградба на детски парк, изградба на потпорен ѕид за проширување на улица, изградба на пешачка патека од влезот на општината до општинската зграда. Ревидирање на проект, промена на секундарна водоводна мрежа во Зрновци, рече градоначалникот Коцев.
Покрај горенаведените, додаде тој, во буџетот за 2022 година предвидовме и 400 илјади денари за изготвување на проектна техничка документација за капитални проекти.
Додаде дека за 20 отсто ги намалија цените на комуналната услуга која опфаќа изнесување на отпад и смет, како и реорганизирање и модернизирање на комуналното јавно претпријатие „Водна кула“, за навремено и подинамично извршување на дејностите и набавена униформа и материјално технички средства за вработените.
-Ги интензивиравме работните активности на градежно санациските работи на мост Капетан Синиша Стоилов во централното јадро на Општина Зрновци. Го уредивме училишниот двор на училиштето „Синиша Стоилов“ во Зрновци со бекатон плочки. Донесовме одлуки и правилници од страна на локалната самоуправа и советот на општината за користење на спортската сала за сите корисници на спортот. Санација и поправка на дефекти и делови во секундарната и приклучна водоводна мрежа во село Мородвис, по што ќе следи и нејзино зонирање заради регулирање на притисокот во истата и минимизирање на потенцијалните дефекти, посочи Коцев.
Додаде дека учениците и наставниот кадар во општина Зрновци заслужува квалитетно и модерно образование при што за време ан кампањата ветиле модерно образование и образовен процес за учениците и наставниот кадар и истото го оствариле.
-Набавено и реализирано, десет смарт табли со препознавање на ракопис и геометриски фигури, 10 ЛЦД проектори, 27 таблети и седум дополнителни во набавка. Инвертер клими во сите училници и канцеларии. Комплетно реновирање на сите санитарни јазли. Учениците и наставниот кадар во општина Зрновци заслужуваат унапредување на воспитно образовниот процес и обезбедување најквалитетна наставa, рече градоначалникот Коцев.
Коцев истакна дека преземаа низа активности за значително подобрување на квалитетот на водата за пиење, како отклонети дефекти на испусни вентили, прочистување на четири километарски доводен тунел до „Водна кула“ и прочистување на таложникот во истите.