Колеги од Алијанса, господинот Сали, пред се како човек, како доктор, како министер, Ахмети и Груби и измеќарот Ковачевски го помножија со нула. Така ве множат и вас сега, ама по втор пат, нив по прв пат. Меѓутоа, некој се учи по првата грешка, а некој никогаш не можеш да го научиш, како вас. А, што доведе да ги множат со нула, наместо сега истите тие да ги бираат како лубеници и да им одат по канцеларии да ги молат. Имаше шанса господинот Сали, имавте и вие шанса првиот пат, оние криминалци измеќари да ги затворите. Но, таа шанса не ја искористивте, а имавте толку многу можности, а господинот Сали имаше можност, само од неговиот ресор, Здравство, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Коцевски на денешната собраниска седница за разрешување на министерот за здравство, Беким Сали.
“Една од многуте можности, беше на едно мое пратеничко прашање пред неполни два месеци, да бидам прецизен ќе ви го повторам прашањето: Дали од страна на комисијата за контрола на опојните дроги се врши најмалку два пати контрола над одгледувањето на канабисот и увид во документацијата и евиденцијата? Значи побарав извештај за целокупната работа, а се случи да добијам дваесет секунден одговор од заменикот министер и потоа ништо не се случи. А, со тој извештај можеа да ги затворат Ковачевски, Оливер Спасовски и цела Влада“, истакна Коцевски.
За да не останам недоречен, додава Коцевски и да му помогнам на господинот Сали, овој ден, два, три додека сеуште не е разрешен, да побара некои документи и да го сруши обвинението, завршена ќе биде прикаската.
Коцевски потсети дека предлог законот за опојни дроги не поминал во Собрание, па запраша по кој член од закон се врши извоз на свет од канабис, што преставува кривично дело за кое со оди во затвор.
„Да ве потсетам, предлог законот за контрола на опојни дроги не им помина едно време, на овие што го понудија за извозот на цветот на канабисот, меѓутоа сеуште една до две фирми вршат извоз на цветот. По кој член од законот? Кривично дело за кое се оди во затвор. Тоа господинот Сали нека го најде, нека го најде документот и веднаш да го срочи обвинението. Тоа ви го кажувам и на вас, на вашиот иден министер ако помине, и ако сте против корупцијата и криминалот, баш да видиме дека тоа вие ќе го направите“, рече Коцевски.
Коцевски исто така праша, што се случува со Медикал 420, дали е одземено решението за одгледување и ако е, како повторно продолжува со работа, дали се знае колку канабис се произведено, колку вишок останува и каде оди тој вишок.
„Е, тука може да го прашува Оливер Спасовски, каде оди тој вишок? А, Ковачевски знае. Значи, обезбедете ги вие, како дел од Пазар 3 коалицијата, овие документи и јас ќе ви верувам“, посочи Коцевски.
Истакна дека господинот Сали, како министер за здравство, има и многу други можности, наместо да чека изградба на нов клинички центар, ние денес сме сведоци на блокиран трезор на ФЗО, при што вработените во здравство останаа без плата, а за што после ќе треба да се плаќаат казни кон УЈП, всушност како што ќе треба да се плаќаат 20 милиони евра за раскинување на договорот за изградба на Клинички центар.
„Вработените во здравство немаат земено плата и прашање е дали ќе земат во законската рамка. После тоа ќе се плаќаат глоби и казни кон УЈП, ама навикнати се на пенали, како што е пеналот за клинички центар, 2о милиончиња, меѓутоа тоа граѓаните го плаќаат, не го плаќа Ковачевски, или Оливер Спасовски, или оваа влада, граѓаните го плаќаат. Неспособноста и алчноста на владата за ДУИ и СДСМ граѓаните ќе плаќаат од свој џеб“, потенцираше Зоран Коцевски.