Во рамките на предистражната постапка која ја води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поради основи на сомневање за даночно затајување и даночна измама, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за едно лице – одземање на патна исправа и обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен орган, рече Јавниот обвинител на Република Македонија, Љупчо Коцевски во вечерашното гостување во Дневникот на МТВ.
Судот го прифати предлогот и ги определи предложените мерки.
Други три лица кои беа задржани дадоа исказ пред јавен обвинител, по што се пуштени.
Дејствијата, вклучително и извршените претреси, се преземаат во предистражна постапка.
Предистрагата продолжува. Станува збор за сомненија за финансиски криминал и се вршат опсежни проверки со цел испитување на сите околности.
Целото гостување на Јавниот обвинител Коцевски во Дневникот на МТВ на следниот ЛИНК.