Kочанските оризопроизводители утре излегуваат на протест и со комбајните ќе ги блокираат патиштата на четири локации.
Жетвата на оризот годинава започна со најава на протест, кој ќе се одржи во вторник. Производителите на ориз се незадоволни од откупната цена, која се движи од 22 до 25 денари за килограм и е за 2 денари пониска од производствената цена.
Иако субвенциите се зголемени и се најавени други мерки, земјоделците се жалат дека со помошта од државата не можат да ги покријат ниту трошоците за жетвата. Тие од годинешната реколта ќе натрупаат само нови долгови.
Комбајните сепак влегоа во нивите, а жетвата почна. Родот е просечен.