Претпоставките дека ќе ни стават вето за ова или она поради недоговарање на историската комисија не се точни“ рече пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ во „Топ тема“ на Телма.
Тој додаде дека ниту во Договорот за добрососедство со Бугарија, ниту во преговарачката рамка со ЕУ не стои дека поради нерешени историски прашања или ако некоја тема не е затворена во историската комисија, може да ни се стави вето, пренесува Brif.
„Ние не преговараме со Бугарија, преговараме со ЕУ. Во Европскиот совет има уште 26 други членки кои може да застанат на наша страна доколку се појави негирање на македонската нација, идентитет или било што“ рече Коциќ.
Тој изјави дека со внесувањето на Бугарите во уставот нашата држава ќе направи јасна дистинкција дека постојат два различни народи, македонски и бугарски, признаени во нашиот Устав и со тоа паѓаат во водата ставовите на Софија дека станува збор за два исти народи.