Секој човек кој што малку ги подржува зелените инвестиции и обновливата енергија и што ја разбира оваа проблематика целосно ќе застане зад овој проект за кој ВМРО-ДПМНЕ има распишано 11 тендери и ниту еден успешен. Придобивките од Чебрен се огромни. И сега кога оваа Влада најде инвеститор и започнува потпишување на договор има проблем,“рече пратеникот од СДСМ ,Ненад Коциќ во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија.

Тој истакна дека 333 мега вати се обезбедуваат за 250.000 домаќинства,плус придобивките со изградбата на хидроцентралата, за земјоделие, заштита од поплави и слично.

„Со нула евра инвестиција и 1 милијарда евра од инвеститорот се прави акционерско друштво со кое грчкиот инвеститор има 66 отсто , ЕСМ 33 отсто, три месеци по пуштањето во употреба, не изградбата.

Тој посочи на дека тоа значи заштеда од 100 милиони евра како држава, споредувајќи го договорот на ВМРО-ДПМНЕ кој бил со потпишување на договорот , а не по пуштање во употреба , при што изградбата ќе трае 7 години.