Поранешниот адвокат на Доналд Трамп, Мајкл Коен, побара од судот да ја отфрли тужбата на поранешниот претседател со која се бараа 500 милиони американски долари од него, велејќи дека тоа е „чиста одмазда и заплашување сведоци“.

Адвокатите на Коен изјавија дека тужбата е резултат на „најлошите одмазднички импулси на Трамп“ и дека нејзиниот тајминг не бил случајно.

Трамп го тужеше Коен пред федералниот суд во Мајами на 12 април, осум дена откако се изјасни за невин по обвинението од 34 точки од страна на обвинителите на Менхетен за плаќање 130.000 долари на Сторми Даниелс за да молчи пред претседателските избори во 2016 година.

Коен ги дал тие пари на Даниелс и се очекува да биде клучен сведок против Трамп доколку има судење, пишува Ројтерс, а пренесува Хина.

Пред тоа, тој сведочеше пред големата порота која го обвини Трамп за фалсификување деловни книги.

Пари во замена за молк

Властите тврдат дека на Даниелс и биле исплатени 130.000 долари за да молчи за нејзината наводна афера со Трамп, што тој го негира.

Коен отслужи дел од тригодишната затворска казна откако се изјасни за виновен за прекршување на финансирањето на кампањата и затајување данок во 2018 година.

Трамп го обвинува Коен за кршење на правилата за адвокатско однесување со откривање на неговите „доверливи работи“ и ширење невистини во неговите книги, подкасти и медиумски настапи.

Тој исто така тврди дека си го нарушил угледот нарекувајќи го „расист“ и дека измислувал разговори.

Адвокатите на Коен посочуваат дека Коен со проширувањето на своите ставови за Трамп не можел ништо да промени во тоа како луѓето го доживуваат поранешниот претседател и дека обвинувањата поврзани со книгата се застарени.