Од Министерството за Здравство тврдат дека до сега се вакцинирале само лекари, но и покрај тоа не сакаат на увид на јавноста да ја стават целосната листа на вакцинирани лица.
Според ифнроациите кои се класифицирани и затоа не може да се објават, огромен дел од вакцините не биле потрошени на вакцинирање на лекари туку на вакцинирање на високи државни функционери, нивните семејства како и бизнис партнери на власта.
Радио Лидер во саботата ја објави ваквата информација, но таа експресно беше демантирана од Владата и Министерството за здравство и од нас беше побарано да се извиниме без право на коментар на нивниот одговор. Во нивната објава се тврдеше дека, верувале или не, процесот бил транспарентен затоа што на новинарите им се дозволувало во неколку наврати по нарачка да го снимаат процесот на вакцинирање на лекари.
Веднаш по овој настан испративме барање до Министерството да ни ја испратат лицата на вакцинирани од страна на државата, што би требало да претставува јавен податок, но трет ден по ред има молк од страна на министерството на Венко Филипче и никој не ни одговара зошто се крие овој податок, ниту пак го ставаат на увид на јавноста.
Од извори во опозицијата дознаваме дека наскоро во Собранието ќе биде поднесена иницијатива за декласификација на листата на вакцинирани лица.
После ова, цела „транспарентност“ останува во рацете на власта па ќе видиме дали транспарентно ќе ја откријат листата на вакцинирани или истата ќе остане класифицирана за на неа да се скријат членовите на владејачката каста во нашата земја.