Еден од лидерите на Движењето Европа сега, Јаков Милатовиќ, влегува во вториот круг од претседателските избори во Црна Гора.
Тој ќе излезе „на фронт“ против актуелниот претседател на државата и на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Мило Ѓукановиќ.
Роден е во 1986 година во Подгорица, каде што завршил основно училиште и гимназија со диплома од Луча. Додипломските студии ги завршил на Економскиот факултет на Универзитетот во Црна Гора, со просечна оценка 10 и бил студент на неговата генерација.
Како стипендист на американската влада бил на Универзитетот во Илиноис, како австриски владин стипендист на Универзитетот во Виена и како стипендист на Европската комисија на Универзитетот во Рим. Магистерските студии од областа на економијата ги завршил на Универзитетот во Оксфорд како стипендист на британската влада.
Работел во НЛБ банка, Дојче банк, а потоа и во Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Други искуства и обуки се стекнал во рамките на германската фондација Конрад Аденауер, Лондонската школа за економија, Универзитетот во Пекинг, Академијата за лидерство на Универзитетот Стенфорд и други.
Автор е на повеќе стручни трудови и коавтор на две книги.
Милатовиќ беше министер за економски развој во владата на Здравко Кривокапиќ, како и кандидат за градоначалник на Подгорица.
Во претседателската трка влезе по сила на приликите.
На крајот на јануари, Претседателството на Движењето Европа го избра својот лидер Милојко Спајиќ за претседателски кандидат.
Спајиќ, како и Милатовиќ, е поранешен министер, а „Европа сега“ се викаше нивната економска програма. Подоцна формираа истоимено движење, кое беше најголемиот победник на локалните избори во 2022 година, кога Милатовиќ беше назначен за градоначалник на Подгорица.
Но, поради проблеми со престојот и двојното државјанство, Државната изборна комисија (ДИК) ја одби кандидатурата на Спајиќ за претседател на Црна Гора, па Милатовиќ се кандидираше.