Кој е Ненад Савевски?
Ненад Савевски е владиниот предлог за нов државен јавен обвинител. На денешната владина седница се дозна и името на новиот Државен јавен обвинител, предлог на Владата кој ќе оди во собрание и каде се потребни 61 глас за негово назначување. Во игра се 4 кандидати.
Инаку, советот на јавните обвинители на 17-ти минатиот месец даде позитивно мислење за четворица од петте кандидати за државен јавен обвинител – за в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски, и обвинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ, додека пак, за кандидатурата на Владимир Панчевски едногласно одлучи дека тој не ги исполнува условите предвидени со законот во однос на работниот стаж.
Премиерот Мицкоски во интервју за ТВ „Канал 5“ од 25 февруари рече дека од четирите кандидати за државан јавен обвинител за кои Советот на јавните обвинители даде позитивни мислење, на владината листа се три имиња, а меѓу нив не е и бившата обвинителка од СЈО, Ленче Ристоска.
Кој е Ненад Савевски, извесно новиот Државен јавен обвинител?
Тој е професионалец ос богата кариера и многу искуство и авторски трудови.
Секој ден патува од Гостивар за Скопје и назад. Со гордост го потенцира гостиварското потекло.
Тој е еден од ретките „комплетни“ правници што го поминал етапно речиси целиот правосуден пат. По дипломирањето, магистрирал, волонтирал во гостиварскиот суд, завршил на Академијата за судии и јавни обвинители, заедно со неколкумина што беа дел од тимот на специјалното јавно обвинителство.
„Ако еден судија со своето секојдневно однесување јасно демонстрира дека во него има интегритет и дека ја врши својата професија на чесен начин, дури ни блиските нема да му влијаат. Сѐ зависи лично од еден судија како се етаблира во средината“, вели во едно интервју Савевски.
Што вели неговотo CV?
Роден е на 22 јули 1976, по националност е Македонец. Семеен човек, оженет, татко на 3 деца кој живее во Гостивар.
По образование е магистер по правни науки – казнено право, Правен факултет „Јустинијан Први“, УКИМ Скопје, Дипломиран правник на Правен факултет „Јустинијан Први“ со
Правосуден испит даден во 2003. Средното образование го завршил во гимназија „Панче Попоски“ – Гостивар.
Што поседува од Работно искуство?
-Судија во Основен кривичен суд Скопје – оддел за организиран криминал и корупција (од 2016),
-Јавен обвинител во Основно јавно обвинителство (2009),
-Стручен соработник во Основен суд Гостивар (2004–2009),
-Судски приправник во Основен суд Гостивар (2000–2002),
-Експертски и меѓународни ангажмани,
-Експерт во ОБСЕ Македонија,
-Експерт во Национална конвенција за ЕУ – Поглавје 23,
-Член на работни групи за судски и законски реформи,
-Експерт во проекти на Совет на Европа, ОБСЕ, УСАИД,
-Работел на проекти за посебни истражни мерки, притвор и кривична постапка.
Академска и едукативна работа:-Предавач во Академијата за судии и јавни обвинители,
-Национален тутор и обучувач во програмата HELP на Совет на Европа,
-Обучувач за човекови права и кривично право,
-Публикации и научна работа.
Автор и коавтор на трудови за:
-посебни истражни мерки,
-слобода на изразување,
-клевета и навреда,
-конфискација на имот,
п-раво на приватност.
Коавтор е на повеќе водичи и стручни публикации (2022–2024)
Од јазиците познава: Македонски, англиски (меѓународни сертификати), германски, српско-хрватски и основен албански, се вели во краткото CV на кандидатот Ненад Савевски.
Попладнето денеска, како што најави и премеирот, ќе го слушнеме владиниот предлог за Државен јавен обвинител, кој поради потребата од само 61 глас во парламентот, дефинитивно ќе биде и нов Државен јавнен обвинител, професионалец кој ќе треба да се справи со правниот-хаос по партиските решенија во ликот на Коцевски и Јовески, вклучително со скриените предмети по фиоките во ЈО.
