Кој има најмногу ,,акции” во Ферарито на Мијалков односно кој е најзаслужен што екс шефот на тајната служба и покрај тоа што има направено огромен број кривични дела слободно шета по најскапи светски дестинации во стил на кој можат да му позавидат и најбогатите луѓе на светот.
Одговорот на ова прашање кое се актуелизира откако Скопје1 објави видео со скапото Ферари на Мијалков треба да се бара меѓу екс премиерите Груевски, Заев или Ковачевски.
Тие тројца со низа политички, бизнис и правосудни заврзлами создадоа услови Мијалков како шеф на АНБ да добие хотел во центарот на Скопје, да има фирми кои вредат стотици милиони евра, со години да должи милиони евра за неплатен данок, да му застарат делата со промена на кривичниот законик и да не лежи затвор.
Груевски раскажува за ски терени а молчи за неговиот братучед кој направи милијарди додека беше на власт, Заев молчи зошто не го гонеше додека му обезбедуваше пратеници за смена на уставното име а Ковачевски не се ни осмели да се занимава со него.
Колкави грешки направија овие тројца луѓе може да е види од фактот што според Курир, Сашо Мијалков времениот отпуст од затвор го тера во Монте Карло.
Лицето Сашо Мијалков, поранашен директор на УБК, обвинет за низа кривични дела во моментов е на издржување затворска казна за случајот “Империја“, или перење пари и слично, осуден на три години затвор по признание на вина и со спогодба со Обвинителството.
Казната затвор почна со издржување во затворот во Струга, а според информации од Струга казната, во суштина, божем во затвор е поминувана надвор од затворот. Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука да има 4 месеци условен отпуст активен од 25 декември 2024 година, по жалба, Апелациониот суд на 23. Мај 2024 го зголемува условниот отпуст на 11 месеци и можност да излезе од затвор и остатаокот од казната да ја издржува на слобода, пишува порталот.
“Осудениот се отпушта од КПД Струга на 25.12.2024 година, а условниот отпуст му се смета до 25.04.2025 година“, стои во решението на судот.
Следниот пат кога Груевски ќе кажува приказни како сакал да гради ски центри ама го блокирала Теута Арифи, кога Заев ќе раскажува како аплицирал за Нобелова награда за мир нека потрошат три реченици да раскажат како нивниот братучед и партнер направи милијарди ,,од државна плата” и за тоа не му фали ни влакно од главата.
Она што е најстрашно во злоделата на Груевски и Заев во овој случај кои се застарени или се под ингеренции на правосудството веќе не може да ги исправат ни Мицкоски ни свети Мицкоски.