Километарски колони на патот Никофорово – Радика
Голем број граѓани, кои денеска го поминаа денот на скијање во Маврово, останаа заглавени со часови во километарски колони на патот Никофорово – Радика. Во некои од возилата има многу мали деца, а многумина изразуваат загриженост дека ќе останат без гориво, бидејќи сообраќајот е пренасочен преку селата Леуново и Никифорово, што значително го продолжува патувањето.
Реакции на социјалните мрежи
Незадоволните граѓани активно ги споделуваа своите искуства на социјалните мрежи:
„Фотографиите се тазе, денешни. Колоната е километарска, стоиш во место и не знаеш зошто? Ова го нема никаде, само овде кај нас, оти системот не функционира како што треба.“
Според нив, нормалните услови за движење биле нарушени, што ги натерало да го заобиколат езерото, додавајќи дополнителни километри.
Студ и страв од недостаток на гориво
Освен што беа изложени на студеното време, возачите стравуваа дека ќе останат без бензин додека чекаат во колони. Пренасочувањето преку алтернативни патишта значително го зголеми времето за враќање, создавајќи дополнителен стрес за патниците.
Маврово: Состојбата нормализирана доцна вечерта
Доцна вечерва, надлежните информираа дека колоните започнале да се движат и дека сообраќајниот застој наскоро ќе биде целосно решен. Граѓаните беа повикани на трпение додека се расчистуваше ситуацијата.