Енис Колашинац, газдата на фирмата „Зобек мининг груп“, кој го зела на лизинг луксузното „ауди Q8“ кажа дека возилото го зеле за Венко Филипче и дека тоа сега е во владение на претседателот на СДСМ, изјави Јане Мицевски, пратеник и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес конференција.

– Колашинац не е кој било бизнисмен, тој е бизнисменот кој го снабдуваше ЕСМ со јаглен во време на СДСМ и бизнисменот кој заедно со Филипче и браќата Заеви се журкаа на Харис Џиновиќ во Дубаи. Јавното обвинителство мора да отвори постапка против Венко Филипче. За ист ваков случај веќе има отворено постапка против Пеце Мирчевски, поранешен директор на СОЗР од СДСМ – рече Мицевски и праша дали Филипче е привилегиран.

Повеќе погледнете од прес-конференцијата на Мицевски: