-Денеска извршив увид во градежните зафати на реконструкција и асфалтирање на дел од улиците „8-ми Март“, „Петар Поп Арсов“, „Енгелсова“ и дел од улицата Архиепископ Михаил. По завршувањето на градежните работи жителите на овој дел од градот ќе добијат комплетно асфалтирани улици пред своите домови. Градежните зафати ги изведува фирмата ДПТУ „БИТЕМ ДООЕЛ СКОПЈЕ“, а вредноста на договорот е 2.904.334 денари со вклучен ДДВ, пишува Колев.