– Се работи за изнаоѓање рамнотежа. Не дозволувајте децата да спијат премногу, но и не чекајте да се уморат!, вели Ени.
Распоред на спиење на детето според возраста:
Шестмесечното бебе треба да спие трипати дење. Два часа по будењето од ноќниот сон, се препорачува, да поспие уште час и половина. Вториот дневен сон на бебето треба да биде два часа по претходниот и тој трае до два часа. Третиот сон треба да биде околу 17 часот. Со оваа рутина, бебето ќе спие доволно.
Едногодишното бебе треба да спие двапати дневно. Првиот сон треба да биде три часа по ноќниот сон. Вториот пат, бебето заспива два до три часа потоа и сонот трае до два часа, а потоа родителот го држи малечкото будно до крајот на денот.
Дете на возраст од 18 месеци треба да спие еднаш дневно – еден до два часа преку ден.
– Не мора да биде точно во времето на ручек, но тоа ќе биде најдобро, нагласува Симпсон.
Детето од 2 – 3 години, најверојатно, ќе спие за време на ручекот, но идеалното времетраење на сонот варира од дете до дете.
– Првото нешто што го набљудуваме кај децата на оваа возраст е колку долго спијат дење и колку време им е потребно да заспијат навечер. Понекогаш спијат подолго попладне, па не можат да спијат ноќе и наутро се жалат на заморот – сѐ тоа е поради намален попладневен сон, објаснува таа.