Просечната исплатена нето-плата во февруари изнесувала 33.720 денари, пренесе Фактор.

Kaко што објави Државниот завод за статистика(ДЗС), во однос на февруари лани кај платата има зголемување за 13 отсто.

„Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: градежништво (21,3 отсто), информации и комуникации (18,5 отсто) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16,5 отсто)“, соопштува ДЗС.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец има во секторите: транспорт и складирање (9,7 отсто), рударство и вадење на камен (9,2 отсто) и Дејности во врска со недвижен имот (6,1 отсто).

Словенците, Хрватите, Црногорците, Србите и Босанците имаат повисоки просечни плати од Македонците. Во Србија просечната плата е 706 евра, а во Босна и Херцеговина 617 евра. Во Црна Гора просекот е 757 евра. Словенија и Хрватска имаат просек над 1.000 евра.