Колку тежат балканските земји?

Податоците на Светскиот одбор за злато велат дека лидер во регионот со дури 38,5 тони злато е соседна Србија.

По неа следува и Македонија со 6,8 тони златни резерви.

Следуваат Словенија са 3,7 тони, Албанија со нешто повеќе од три тона, БиХ со 2,7 и Хрватска со два тона.

Црна Гора пак по осамостојувањето не купила ниту грам од овој племенит метал, но иако ја нема на оваа листа, од Министерството за финансии велат дека резервите им се 1,2 тони, односно толку добиле по распаѓањето на Југославија.

Најмногу резерви на злато во светот имаат САД од 8.133 тони. Втора на листата е Германија со 3.355 тони, а на третата и четвртата позиција се Италија и Франција со помалку од 2.500 тона.

Петта е Русија со 2.298 тони, а шеста Кина со 2.010 тони.

Интересно е тоа што некои богати земји како што се Канада и Норвешка воопшто немаат злато во своите девизни резерви.