На граничниот премин Табановце повторно километарски колони. Автомобилите и автобусите едвај се движат за да ја поминат границата. Напливот на колони е предизвикан делумно од пофреквентните празнични патувања, но граѓани заглавени во возилата, за НоваТВ велат дека се сомневаат во брзината со која полициските службеници ги вршат проверките.

Минатата недела на 25 декември, МВР во координација со Обвинителството спроведе апсење на полициски службеници на граничниот премин Табановце. 

Поради полициската акција, на граничниот премин се создадоа километарски колони на возила и се чекаше по неколку часа.