Американскиот претседател Џо Бајден на средбата во Белата куќа со колумбискиот претседател, Иван Дуке, му ги пренел намерите за прогласување на Колумбија за стратешки партнер и главен сојузник на САД надвор од НАТО.
На средбата била изразена обострана согласност за поддршка на регионалниот договор за миграција што треба да биде потпишан на Американскиот самит закажан за јуни во Лос Анџелес. Двајцата лидери не изнесоа поединости за тоа како би изгледала најавената рамка по однос прашањето на миграцијата.
Средбата Бејден – Дука доаѓа неколку дена после тајните разговори меѓу високи американски функционери и претставници на венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, за ослободување двајца американски затвореници во Венецуела. Таквите активности наидоа на реакции во Колумбија која има затегнати односи со Венецуела. Во Колумбија моментално има 1,9 милиони мигранти од соседната Венцуела.
Статус на главен сојузник надвор од НАТО САД им даваат на блиски сојузници кои имаат стратешки односи со Вашингтон, но не се членки на НАТО. Од земјите на Јужна Америка Аргентина го доби тој статус во 1998 година, а Бразил во 2019 година.