Лидерот на самопрогласената Народна Република Доњецк, Денис Пушилин, денеска изјави дека украинските команданти во челичарницата „Азовстал“ во Мариупол не се меѓу оние кои досега се предале.

И сепаратистите и руското Министерство за одбрана соопштија дека се предале 959 бранители на „Азовстал“. Некои беа пренесени во болниците, но повеќето беа однесени со автобус во поранешна казнена колонија во сепаратистичкиот регион.

-Во моментов ги нема највисоките команданти, тие не се заминати. Но, ова е ситуацијата во моментов, рече Пушилин за медиумите од Доњецк.