Генерал-мајор Грегори Најт ќе оствари средби со највисоките државни и воени претставници
Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, денеска започнува официјална посета на Република Македонија која ќе трае до 11 декември, соопшти Армијата на Република Македонија.
Средби со високи државни и воени претставници
Во рамки на посетата, Најт на 9 декември ќе биде пречекан со високи воени почести и ќе оствари средби со началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, и министерот за одбрана Владо Мисајловски. Предвидени се и средби со претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, како и со премиерот Христијан Мицкоски.
Посетата предвидува и посета на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, каде Најт ќе се сретне со раководството на Академијата, соопштуваат од АРМ.
