Од Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат за најновите најави во однос на Концепцијата за основно образование.

Во продолжение нивниот став

Да ве потсетиме:

1. Случајно или не, Концепцијата за основно образование ги изненади сите и не ги консултираше клучните институции и професионалци, туку само одредени таргет групи и одредени професионалци. Но, навреме беше разоткриена и беше адекватно реагирано. Тогаш беше и укинат предметот Историја и беше заменат со предметот Општество, за под притисок на јавноста подоцна да го добие името Историја и општеството кое случајно е многу слично со бугарскиот предмет Историја и цивилизации.

Сѐ случајност до случајност или како што љуби еден од творците на Концепцијата да каже ,,сѐ е импровизација”.
И точно во нашиот образовен систем има многу импровизации кои се создадоа со појавата на некои ликови во образованието, а кулминираа со донесувањето на Концепцијата за основно образование без пред тоа Секторот за истражување во образованието од БРО да направи соодветно истражување. И тука се враќаме повторно на импровизацијата.

2. А импровизацијата служи откако скапо ќе се наплатат Концепцијата, разните прирачници, упатства, материјали за учење и слично и откако ќе помине некое време и ќе се подзаборават работите истите стручњаци кои ја правеле концепцијата да направат нови импровизации, нова Концепција.
Секако и новите скапо ќе ги наплатат, но овие ќе бидат повеќе ,,по мерка на детето” од претходните. И сѐ така до недоглед. Затоа и нема учебници туку материјали за учење, од учесниците не може, а од материјалите за учење некој од раководство на БРО може да се офајди.

3. Со дел од наставните содржини во 5 одделение има содржини кои наставниците од одделенска настава не се обучени да ги предаваат и истите досега ги предавал предметен наставник по Историја.

За жал, потрошените средства нема да се вратат, но вистински реформи ќе има, ама и одговорност ќе има, стои во Фејсбук статусот на Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ.