Фејсбук статусн на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ
Наместо одговорност и преземање мерки од Клиника за гинекологија за непочитување на процедурите на Клиника за гинекологија и оставки од двајцата директори за случајот со пациентката која по породувањето скокна низ прозорец, Клиниката за гинекологија праќа дописи до ДСЗИ
❗️Две недели по немилиот настан за случајот со пациентката освен што нема одговорност иако се евидентирани пропусти, директорите Викторија Јовановска и Јетон Шаќири немаат преземено ништо за безбедност и заштита на родилките во оваа терциерна установа и со тоа го доведуваат во прашање нивното здравје
❓️Се грижат ли надлежните институции за психичкото здравје на трудниците што е од исклучително значење
❓️Можел ли да се превенира со навремен преглед овој немил настан
❓️ Дали за Клиника за гинекологија има достапен 24 часа конзилијарен психијатар и дали викендите се покриени со достапен конзилијарен специјалист психијатар
❓️Зошто Јовановска дури откако се случи овој немил настан предлага психијатар да ги посетува родилките еднаш во неделата и да разговара со мајките за да се увиди нивната состојба, а не го иницирала истото претходно
❓️Каде е Комитетот за безбедно мајчинство да иницира корективни мерки за заштита на мајките и бебињата по последните актуелни случаи за кои во јавноста нема информации за нивно расчистување