Се затвораат цели одели во битолската болница – непостои дебата со која СДС ќе ја покрие неспособноста на истите ликови заради кои болницата е на колена, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

-СЕ ЗАТВОРААТ ЦЕЛИ ОДДЕЛИ ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА – НЕ ПОСТОИ ДЕБАТА СО КОЈА СДС ЌЕ ЈА ПОКРИЕ НЕСПОСОБНОСТА НА ИСТИТЕ ЛИКОВИ ЗАРАДИ КОИ БОЛНИЦАТА Е НА КОЛЕНА

Затворени се одделението за пнеумофтизиологија, инфективното одделние кое работи со еден инфектолог и уште еден со 4 саати работно време.

Одделот за урологија има еден уролог специјалист, а исто така и одделите за неврохирургија, неонатологија и физикална медицина се оставени само со еден доктор.

Постои и недостаток на среден персонал, хигиеничари, па се поставува прашањето како оваа болница се уште е акредитирана да биде „клиничка болница”.

Недостатокот на кадар особено е воочлив во Ресен.

Нема офталмолог, интернист, невропсихијатарот сега ќе оди во пензија.

Здравствен дом Ресен од Нова година останува без доктори спец. по ОРЛ, невропсихијатрија и дерматовенерологија, додека рентгенолог и интернист нема две години.

Освен за кадарот, основната негрижа во битолското здравство е јасно видлива и во нефункционалноста на опремата:

1.Акцелераторот не е во функција

2.Ангиографот исто така не е пуштен во употреба

3.Апаратот за РТГ не работи.

Клиничка болница Битола како најголемиот регионален центар, богат со одлична експертиза, доајени во областа на урологија, хирургија, гинекологија и други области, денес е на колена како со персонал и опрема, така и со услови за работа.

На партиските дебати на СДС не се зборува за проблемите на пациентите од регионот, а уште помалку за нивното решавање. Ова е одлика на владеењето на оваа Влада која пред да замине во неповрат го остава битолското здравство со недостиг од 100 здравствени работници и на колена, а битолчани тоа добро го паметат и затоа ќе ги казнат одродените партиски ликови на СДС што бесрамно држат трибини со нула грижа за здравствената заштита во овој регион, се вели во соопштението на Комисијата заздравство на ВМРО-ДПМНЕ.