Комисијата за заразни болести ги соопшти новите препораки да се спречи ширење на заразата во Скопје и останатите градови. Први на удар се целосно или делумно невакцинираните деца кои (најверојатно) нема да се примаат во градинка.

Здравствените власти донесоа одлука за превенција на големата кашлица па затоа отсега нема да се прифаќаат во градинка да одат дечињата кои не се вакцинирани.

Скопје – главно жариште за голема кашлица

Докторот Злате Мехмедовиќ соопшти дека најголем дел од оваа зараза е на територија на Град Скопје.

– Во Македонија вкупно до денес имаме 123 заболени лица со пертусис, од кои 109 лица се во град Скопје. Оправданоста на епидемијата која е прогласена во Скопје доби потврда, но добро е што големата кашлица не се разгорува на национално ниво што е добро. Детектирано е само по еден случај од Дебар, Тетово и Струмица- кажа д-р Мехмедовиќ

Барање за засилени инспекциски контроли

Тој препорача ДЗС да ги засили своите контроли на територијата на главниот град.

-Препорачуваме Државнот санитарно здравствен инспекторат да го засили инспекцискиот надзор на територијата на Град Скопје, да добиеме пореална слика дали се почитува препораката на Комисјата дали се примаат или не се примаат невакцинирани деца во градинките, посочи д-р Мехмедовиќ и дополни дека неоходно е да се подготви детална евиденција за вакцинација која ќе даде реална слика кои деца не се вакцинирани или се делумно.

Кој ќе има приоритет за вакцинација?

Мехмедовиќ информираше дека приоритет за вакцинација ќе имаат возрасните кои живеат со мали дечиња. Освен нив приоритетни случаи се вработените со мали деца, како и трудниците.

Препорака за масовна вакцинација

Инаку Центарот за јавно здравје, но освен картони по градинките нема досега конкретни мерки. Во меѓувреме, статистиката постојано расте. Во првите два месеци оваа година има над 120 нови случи на голема кашлица во Скопје.

Во изминатиот период има раст на вакцинацијата кај дечињата, но сепак тоа се уште е недоволно. Мерките и препораките на Комисијата за спречување заразни болести се да се вакцинираат дечињата.

Извор: Вечер.прес