Препорачано е само почитување на постоечките мерки носење маска и држење дистанца и да се зголеми вакциналниот опфат.
Епидемиолошката слика од страна на комисијата била оценета како стабилна според нашите извори иако од град во град се разликува зависно од опфатот на вакцинирани. Најголем притисок за хоспитализации има во Скопје и тоа од невакцинирани, какви што се 60 проценти од македонските граѓани.
Вкупно 8334 активни случаи на ковид има во моментов од кои најмногу во Скопје 3773.