Пациентот според првичните информации се лекува дома и е со лесна клиничка слика. По состанокот на Комисијата, најавена е изјава на министерот за здравство Венко Филипче.

И покрај тоа што во земјава пристигна омикрон и наближуваат празниците со зголемен ризик од патувања, нови мерки не се најавени освен постоечките, да се носи маска, да се одржува дистанца и да се приложува вакцинален сертификат.