Вкупно 50,4 отсто од испитаниците во Истражувањето спроведено од фондацијата „Конрад Аденауер“ во рамки на публикацијата „30 години надворешна политика и одбрана“, сметаат дека руската воена агресија врз Украина е неоправдана и неприфатлива, додека 26,2 отсто сметаат дека е оправдана и прифатлива, што претставува сооднос од 2:1 во однос на првата група.
Според истражувањето 65,7 отсто од испитаниците го поддржуваат проектот „Отворен Балкан“, додека 15 отсто не го поддржуваат, што значи дека за 50,7 отсто е поголем бројот на испитаниците што ја поддржуваат оваа форма на поблиска соработка помеѓу Македонија, Албанија и Србија, а Русија е на второ место после Бугарија по негативни впечатоци кај македонското население.
Во однос на поддршката кон НАТО и ЕУ, 64,2 отсто од испитаниците го поддржуваат членството на Македонија во НАТО, што претставува сооднос од 2:1 во прилог на поддржувачите. Исто така, 56,2 процент од испитаниците сметаат дека со зачленувањето во НАТО, Македонија е побезбедна и постабилна, покажува истражувањето.
За членството на Македонија во ЕУ се изјасниле 63,8 проценти.