Пратеникот на Граѓанското движење УРА, Милош Конатар, денеска изјави дека новата црногрска Влада ќе има четворица потпретседатели и 20 министерства.

„Ќе има четворица потпретседатели, кои ќе бидат и ресорни министри на некои од 20-те министерства што ќе ги има новата влада. Новата 43-та влада ќе ја сочинуваат партиите на националните малцинства во Црна Гора, СНП, СДП и, се разбира, Граѓанското движење УРА“, напиша Конатар на Твитер.

Тој додаде дека Црна Гора „излегува од политичката криза“, пренесе РТЦГ.

„Време е да чекориме кон помирување и кон европска иднина. Можеби преговорите траеја подолго од потребното, но најважно е Црна Гора да добие нова европска влада. Имаме многу работа. Ќе успееме“, напиша Конатар.