Филхармонијата денеска ќе одржи концерт со кој ќе ја одбележи годишината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

На програмата ќе бидат дела од Григ, Хендл, Маскањи, Моцарт, Сибелиус, Вагнер, Офенбах и Бизе, а како солистки ќе настапат Илина Митревска и Десислава Тодорова.

Диригент на концертот ќе биде Христо Христов од Бугарија кој досега имал четири настапи со оркестарот на Филхармонија. Последен пат, по истиот повод, на 4 мај 2019 година.

Христо Христов е диригент чиј музички талент доаѓа до израз уште на 12 години, кога ја добива првата награда по пијано на Националниот музички конкурс во Чирпан. Дипломирал на бугарската Национална музичка академија и се дообразувал по оркестарско диригирање кај професорите Карл Остерајхер од Австрија, Курт Зандерлинг од Германија) и Илја Мусин од Русија.