Диригент на концертот е Иван Еминовиќ, режисер на настанот е Љупка Јакимовска, а хор-мајстор Ѓурѓица Дашиќ.

Од Националната опера и балет настапуваат: Сандра Митровска, сопран, Марика Поповиќ, мецосопран, Јаворка Витанова, солист од хорот во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

На програмата ќе се изведат дела од В. А. Моцарт, Р. Леонкавало, Џ. Верди и Р. Аврамовски.

Настанот ќе биде збогатен со видео и аудио содржина за која се употребени материјали од архивската документација на МРТВ – документарецот „Верувам во Македонија“, како и фото и видео материјали обезбедени од Фондацијата „Борис Трајковски“.

Извор: МРТ