Украина соопшти дека се договорила со руските сили денеска да се отвори безбеден коридор за цивилите да го напуштат разурнатиот пристаништен град Мариупол.

– Успеавме да постигнеме прелиминарен договор за хуманитарен коридор за жени, деца и стари лица, напиша на социјалните мрежи украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.