– Каква е состојбата со спроведувањето на Стратегијата „Едно општество за сите“? Каде има напредок, кои се слабостите? Кои се очекувањата, препораките и прогнозите за претстојната година? Учесниците на овој дел на конференцијата „Перспективи 2022“ ќе фрлат поглед наназад, кон постигнувањата и предизвиците во изминатиот период, како и кон идната 2022 година, наведоа од ЦИВИЛ.
Предвидени говорнички и говорници на панел-дискусијата се: Роберт Алаѓозовски, национален координатор за интеркултурализам и едно општество во Владата, Ели Чакар, државен советник во Министерството за локална самоуправа, Џелал Хоџиќ, заменик-директор во Агенцијата за остварување на правата на помалубројните етнички заедници, Марина Тунева, извршна директорка на Советот за етика во медиумите во Македонија, Лулзим Хазири, извршен директор на граѓанската организација АДИ од Гостивар и Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ – Центарот за слобода.
Освен панелистите, кои ќе ги изнесат нивните видувања за сегашните состојби и перспективите, како што најавија од ЦИВИЛ, со свои видео обраќања на конференцијата ќе учествуваат и Стево Пендаровски, претседател на Република Македонија, Мила Царовска, министерка за образование и наука, Бојан Маричиќ, министер за правда, Јагода Шахпаска, министерка за труд и социјална политика, Насер Зибери, народен правобранител и Весна Бендевска, претседателка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.