Целта на конференцијата е да се овозможи детална дискусија за состојбите за користењето на медијацијата, нејзините придобивки како алтернативен начин на решавање на споровите со медијација во посебни гранки од правото, како и да се прикажат најдобрите практики и искуства од други земји и да се запознаат граѓаните и деловните субјекти со медијацијата како алтернативен начин на решавање на споровите.