Настанот ќе почне во 10:00 часот со регистрација на гостите, на делегатите и претставниците на медиумите.

Отворениот дел за јавноста ќе трае до 13:00 часот, по што ќе следи затворениот дел од Конгресот. Во рамки на затворениот дел од Конгресот е и гласањето и избор на Претседател на партијата.

Во 17:30 часот продолжува отворениот дел за јавноста, во чии рамки ќе биде и обраќањето на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.