Ми причинува големо задоволство, од една страна, што благодарение на Здружението за еднакви можности СЕМПЕР денес можевме да дебатираме на темата „Институционализирање на квалитетни сервиси за рехабилитација и интеграција на жени жртви на насилство”, но од друга страна, изразувам огромно жалење што четири години наназад во општината која претходно беше лидер во делот на еднаквите можности, не беше ама апсолутно ништо направено, и тоа од жена градоначалник, односно општината не направи никаков напор на овие проблеми да им излезе во пресрет истакна во обраќањето кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Битола Тони Коњановски.

Тој гарантира СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ ВРАБОТУВАЊЕ ЖЕНИ ОД РИЗИЧНИ И СОЦИЈАЛНО РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ итоа првенствено во социјалните дејности, со комплетно осмислување на припадничките на некоја од ранливите категории за воспоставување на нормален живот и нивна ресоцијализација и адаптирање во заедницата.

Гарантираме ФОРМИРАЊЕ КРИЗЕН ЦЕНТАР ЗА ДЕЦА И ЖЕНИ.
Конечно ќе профункционира СОС ТЕЛЕФОН ЗА ЖРТВИ ОД НАСИЛСТВО.
Гарантираме СОЗДАВАЊЕ ПОВЕЌЕ И ПОДОБРИ РАБОТНИ МЕСТА ЗА ЖЕНИТЕ НА ЛОКАЛНО НИВО.
Обезбедуваме механизми за ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ПРИХОДИТЕ НА ЖЕНИТЕ што ќе значи безбедност во текот на целиот животен циклус, преку обезбедување на нивната економска самостојност, особено на ранливите социјални категории.
Гарантираме ПОДДРШКА НА ЖЕНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ НА СИТЕ НИВОА и
Гарантираме СОЗДАВАЊЕ ПОВОЛНО ОПКРУЖУВАЊЕ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЖЕНСКИТЕ ПРАВА ВО ОПШТИНА БИТОЛА преку КОНТИНУИРАНА ЕВАЛУАЦИЈА, ПРЕКУ ГЕНЕРИРАЊЕ ДОКАЗИ, кои ќе бидат оценка за напредокот на женските економски и социјални права, преку родово одговорна статистика, изработка на формулари и прашалници со локално буџетирање и поддршка со ресурси.
И на крајот јас како градоначалник се обврзувам дека ќе КРЕИРАМЕ РОДОВО СЕНЗИТИВЕН БУЏЕТ, кој што ќе одговара подеднакво на потребите и на жените и на мажите!