Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес изврши увид на динамиката со која се реализира проектот за изградба на коловоз на улицата „Крушевска Република“, која е од особно значење за сите учесници во сообраќајот, затоа што со нејзиното завршување, ќе се овозможи значително растоварување на сообраќајот на улицата „Партизанска“.
Градоначалникот Коњановски, изврши увид и на работните активности на стадионот „Петар Милошевски“, кои во моментот се во завршна фаза.