Во продолжение интегрален текст и видео од изјават на Коњановски:

Почитувани битолчани,

Веќе 46 години Битола и битолчани, и РЕК Битола го живеат својот заеднички живот. Тие се насочени еден со друг.

Кога ова го зборувам, зборувам за преку 4.000 семејства кои се поврзани, што директно – 4.000 вработени, што директно вработени во РЕК, што насочени преку разни фирми, добавувачи и така натаму, кои ја остваруваат својата егзистенција со РЕК Битола.

Време е РЕК Битола да помогне, пред се зборувам во делот на екологијата. Зборувам за еден од капиталните најголеми проекти, кои во 2014-та и 2016-та година проектот на топлификација кој беше грубо сосечен во стартот, сосечен од Васко Ковачевски, менторот на Христо Кондовски. Проект кој не заживеа и кој требаше во изминативе четири години веќе да ги покаже и своите први резултати. Истиот тој проект Христо Кондовски настојува повторно да го реафирмира.

Ние како опција и јас како градоначалник ветувам дека проектот топлификација, во кој морам да кажам вреден преку 46 милиони евра од кои 39 милиони евра беа лоцирани од КФБ банката како кредит, а останатото требаше да го даде АД ЕЛЕМ тогаш, зборувам дека тој проект беше грубо стопиран на самиот старт. Тој проект ќе го реафирмираме, тој проект од првиот ден ќе отпочнеме со негова реализација. Тука е неопходен придонесот на централната власт и се надевам дека нема да имаме никакви кочници и власта на ВМРО-ДПМНЕ која следува наскоро тој проект ќе го откочи и ќе го продолжиме со реализација, истакна Коњановски.