На средбата, претставниците на ЈП Македонија пат и КЈП Нискоградба, како реализатори на поголем дел од работните задачи, информираа за нивната екипираност и снабденост со потребните материјали.

Координацијата на активностите во зимски услови ќе ја врши координативно тело, формирано од градоначалникот и составено од претставници на Комисијата за јавни и комунални дејности на Советот на општина Битола, општинската администрација, јавните претпријатија, СВР Битола и Дирекцијата за заштита и спасување.

Градоначалникот Коњановски, побара од присутните, по формирањето, координативното тело да одржува редовни состаноци со цел навремено и ефикасно дејствување на зимската служба.

Програмата за организирање и функционирање на зимска служба на подрачјето на општина Битола за сезоната 2021/2022 година, беше донесена на седницата на Советот на општина Битола, одржана на 15 ноември 2021 година.